Предупредување од Анти-Допинг агенцијата за супстанцата GW501516

Објавено на 10 Февруари, 2014 во Антидопинг

„ВАДА“ има сознание дека на црниот пазар се продава супстанцата GW501516 која е користена од некои спортисти.

WADA-prohibited-list-2014-EN.pdf 

АНТИ-ДОПИНГ-Меѓународна-забранета-листа-валидно-од-1-јануари-2014.pdf 

Почитувани спортисти и спортски работници,

Светската Анти-Допинг агенција „ВАДА“  ја издаде следната информација:

„ВАДА“ има сознание дека на црниот пазар се продава супстанцата GW501516 која е користена од некои спортисти.

Несаканите ефекти на ова супстанца се многу сериозни поради што ВАДА го презеде овој несекојдневен чекор на предупредување на „оние кои мамат“ за да се осигура дека е комплетно сознанието и свесноста за можните ризици по здравјето за оние спортисти кои ке подлегнат на искушението да користат GW501516 за подобрување на перформансите.

GW501516 беше супстанца во фаза на клинички испитувања која беше отстранета од испитувањето од страна на фармацевстките компании и нејзиното производство беше поради откривањето во претклиничките испитувања на многу сериозна токсичност врз организмот на корисникот.

Клиничко одобрение за оваа супстанца не е и нема да биде дадено.

Сепак, GW501516 беше достапен во период од неколку месеци на црниот пазар, преку интернет и други канали. Анти-Допинг овластените организации го потврдија користењето на  оваа супстанца од страна на некои спортисти по откривањето на многубројни допинг позитивни случаи.

ФФМ, Анти-Допинг Сектор




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација