Пораз од Англија на стартот од квалификацискиот турнир

Објавено на 08 Октомври, 2015 во До 19 год

На првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, репрезентацијата до 19 години е поразена со 2-0 од соодветната селекција на Англија.

Гостинската репрезентација до победата дојде со головите на  Амстронг во 67 и Мајтланд Нилас во судиското продолжение. Македонија најдобрата  шанса ја имаше во 70 минута. По нафрлената топка, Мартин Христов упати  со удар со глава. Во продолжението на акцијата во мешаницата подобро  реагираа гостинските фудбалери.

Во првото полувреме нашите репрезентивци имаа две полушанси. Првата во 9 минута кога по слободниот удар на Алаомервиќ, гостинскиот голман не реагираше баш најдобро на лизгавиот терен. Во 35 минута Аламеровиќ нафрли во противничкиот шеснаесетник, капитенот Петковски ја спушти топката, а Абаз шутираше  високо над противничкиот гол.  


„Знаевме дека пред себе имаме силен противник. Англиската репрезентација знае да игра на врнежливо време и физички е многу посилна од нас. Моравме да промениме одредени тактички замисли. Одиме натревар по натревар. Имам малку време за подготвка за следната средба. Секако дека и на дуелите со Италија и Финска одиме на победа“- изјави селекторот Горан Станиќ.

На другиот натпревар од нашата квалификациска група, Италија и Финска одиграа нерешено, 1-1.

Македонија-Англија (0-0)

Македонија: Боби Целески, Слободан Боцевски, Стефан Јевтовски, Стефан Лазаревиќ, Нехар Садики, Сабахудин Алаомеровиќ, Емил Абаз, Давор Здравковски, , Петар Петковски (Матеј Цветковски 81 минута)  , Валентин Кочовски (Абдулахи Бурим   65 минута),  Селмани Ремзифаик (Мартин Христов 57 минута)

Англија: Фреди Водман, Калум Коноли, Џордан Роситер, Тејлор Мур, Џек Кларк-Салтер, Патрик Робертс (Олвасеи Ојо 71 минута), Адам Амстронг (Доминик Соланке 71 минута), Даниел Кровле (Маитланд Нилес  74 минута), Кеил Валтер-Петерс, Џошуа Ономах, Тами Абрахам




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација