Пораз на репрезентацијата до 18. години во вториот контролен натпревар против Унгарија

Објавено на 30 Октомври, 2014 во Вести

Репрезентацијата на Македонија до 18 години минимално со 1:0 загуби од Унгарија на вториот контролен натпревар.

Дуелот се играше во „Тилки“, тренинг центарот на Унгарската фудбалска Федeрација во близина на Будимпешта. Единствениот гол за домашната селекција  го постигна Хурсан во 48та минута.

Натпреварот започна со иницијатива на репрезентацијата на Унгарија, во третата минута преку Имтре упатија опасен удар кон голот на Целевски, но немаше реализација . По почетната иницијатива на домашната селекција, во периодот од десеттата до дваесеттата минута тежиштето на играта го префрливме  пред противничкиот гол, но немавме посериозна шанса за постигнување на гол. За издвојување е ударот на Јевтовски, се обиде и Мејди во 30 минута, но не успеа да погоди.  На полувреме, Унгарија – Македонија, 0:0.

Само што започна второто полувреме нашиот капитен Петар Петковски упати прекрасен удар кон противничкиот гол, но немаше среќа да се израдува на погодок.  Единствениот погодок на средбата беше постигнат во 58. минута кога по една нафрлена топка највисок во скокот беше Хурсан кој го постигна голот за победа на унгарците. Тоа беше последната серизона шанса пред двата гола.

На оваа средба шанса добија следните фудбалери: Боби Целевски, Тела Шаип, Милан Алексиќ, Енис Дервиши ,  Исеини Бесарт (Рамзифаик Селемани 55 минута) , Игор Перчинков (Дин Алаомеровиќ 70 минута), Саше Шоповски,  Стефан Јевтовски (Реџепи 45 минута), Илбер Мејди (Ѓорѓиев 70 минута), Петар Петковски,  Мартин Мирчевски.

-Повторно примаме голови од прекин. Не сум задоволен од играта на моите фудбалери. На оваа средба и судите беа наклонети на домашната селекција. Се надевам во идина ќе играме многу подобро—изјави селекторт Јетон Насими.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација