Полуфинален и финален турнир на детските лиги

Објавено на 02 Јуни, 2014 во Детски лиги

Со задоволство Ве информираме дека претстојниот период, односно на 07/06.06.2014 година на терените на тренинг центарот на ФФМ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги 2014.

На истиот учество ќе земат 56 екипи кои ќе бидат поделени во 7 возрасни категории – генерација играчи родени 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 и 2005. Во секоја од овие генрации ќе се натпреваруваат по 8 екипи каде на денот на отварањето ќе се одиграат елиминационите натпревари, додека на финалниот ден ќе се одиграат полуфиналињата, натпреварите за третото место и финалињата.

На 04.06.2014 е предвидено и свеченото отворање од страна на Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски. Активностите ќе се одвиваат по следниот распоред:

Среда 04.06.2014

До 15,30 часот – Пристигање и пречек на екипите

До 15,50 часот – Поставување на екипите

До 16,00 часот – Добредојде и претставување на екипи учеснички

16, 05 часот – Свечено отворање – Претседател на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски

16,30 часот - Старт на натпреварите по групи

Raspored Zavrsen turnir 4-6.06.2014

До 21,00 часот – Крај на натпреварите по групи и заминување на екипите

Петок 06.06.2014

До 10,30 часот – Пристигање на екипите

11,00 часот – Полуфинални натпревари, натпревари за Трето место и Финални натпревари

До 15,30 – Крај на натпреварите

16,00 – Прогласување на победници и доделување на награди – претставници на ФФМ и претставници на спонзори

Отворена покана до сите заинтересирани да дојдат и во живо да ги проследат натпреварите на најдобрите од Детските лиги во сезоната 2013/2014.




   
   
А репрезентација