Почеток на пролетната полусезона во Детската лига на ФФМ (видео)

Објавено на 01 Март, 2017 во Вести, Детски лиги


Започнаа натпреварите од пролетната полусезона во северниот регион во детските лиги на ФФМ. На терените со вештачка трева на ФФМ своите натпревари ги одиграа повеќе од 50 екипи во три различни натпреварувачки категории.

Во следните два викенда ќе стартуваат натпреварите и во останатите шест региони во Детската лига на ФФМ. По комлететирањето на пролетната полусезона во сите седум региони во државата, најуспешните 48 екипи во шест различни категории ќе земат учество на завршниот турнир на 24. и 26. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.




   
   
А репрезентација