Паралелката од Македонија славеше победа над паралелката од Словенија

Објавено на 17 Декември, 2014 во Вести, Фудбалска академија


На тренинг центарот „Петар Милошевски" контролен натпревар одиграа фудбалските паралелки на Македонија и Словенија. Победа од 3-1 оствари фудбалската паралелка од Македонија.

Фудбалската паралелка предводена од Марио Вујовиќ го отвори резултатот во 14 минута со погодокот на Ристовски Милан. На почетокот од вториот дел  словенечката  паралелка постигна гол за израмнување на резултатот.  Стрелец на погодокот  беше Белгијан Грегор во 56 минута. Македонската  паралелка во продолжението постигнаа уште два гола за триумф од 3-1. Головите ги постигнаа Стојменов Кристијан  во 70 и Јефтовски Стефан во 82 минута.

Марио Вујовиќ, предводникот на паралелката од Македонија средбата ја започнаа во следниот состав:  Целески Боби, Боцевси Слободан ( Наумовски Иво 87 минута), Перчинков Игор, Јефтовски Стефан, Георгиески  Иван, 

Аломеровиќ Дин, Крстевски Филип (Кремчевски Димитар 89 минута), Здравковски Давор, Ристовски Милан ( Глигороски Никола 73 минута), Шопоски Саше (Стојменов Кристијан 69 минута), Амети Бунјамин (Халими Ментор 69 минута).

Селекторот на паралелката од Словенија, Дејан Јелникар дуелот го започнаа во следниот состав: Ловен Филип, Арн Кристијан, Пиниза Александер (Козар Јака), Клеменкиќ Марко, Марветиќ Тил, Кухар Обзеј, Крегар Оскар (Смркољ Уик), Броднјак Нејц, Хумар Зан (Оман Тим), Колар Патрик, Вале Марк ( Белгијан Грегор).




   
   
А репрезентација