Паралелка Скопје забележа убедлива победа над велешката паралелка

Објавено на 25 Декември, 2014 во Вести, Фудбалска академија

На стадионот „Млади Лавови" во општина Ѓорче Петров контролен натпревар одиграа фудбалските паралелки на Скопје и Велес. Убедлива победа од 5-0 забележа скопската паралелка.

Фудбалерите од скопската паралелка  одиграа квалитетен натпревар, беа доминантни во текот на целата средба, успеаа да ги искористат приликите и заслужено славеа нова победа. Шабани Артим го постигна првиот гол на оваа пријателска средба во 33 минута. Во вториот дел  на 2-0 зголеми Алексовски Филип во 57 минута. Третиот гол го постигна Здравковски Никола во 60 минута. Во продолжението погодија Димовски Никола во 70 минута и  Бесар Буши 5 минута подоцна. Фудбалската паралелка од Скопје во досегашниот дел од контролните натпревари забележа победи над паралелките од Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Звонко Златановски и Роберт Стојановски, предводниците на скопската паралелка дуелот го започнаа во следниот состав: Тимовски Бојан, Мустафи Бесим, Фетиши Аган, Трпески Даниел, Бериша Јакуп, Петрески Стефан, Стојменов Дејан,  Дрилон Саити, Павловски Томче, Шабани Артим. Во вториот дел  можност добија Наков Лука, Бесар Буши, Факиќ Мерис, Здравковски Никола, Насковски Гоце, Бислими Гент, Фазлагиќ Енис, Алексовски Филип, Димовски Никола, Адиловски Астрит, Таневски Самоил, Пирков Виктор, Павиќ Михаил, Вукановиќ Дарио, Канзуров Петар, Трпевски Александар, Јакимовски Дарко, Тодоровски Дарко.

Тренерите на фудбалската паралелка од Велес, Ивица Чакаров и Драган Здравковски, натпреварот го започнаа во состав: Јорданов Јован, Настов Љупчо, Ташевски Ане, Атанасов Петар, Јовановски Христијан, Аризанкоски Филип, Јовановски Атанас, Атанасовски Бобан, Николовски Мишо, Мишев Борис, Мушиќ Исо. Прилика во продолжението добија Николовиќ Христијан, Манасиев Јосиф, Митев Славче, Велковски Мартин, Пауновски Давид, Донева Драгана, Георгиевска Теодора, Димовска Емилија и Крстевска Евгенија.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација