Пандев, Тричковски и Велковски: Победа е приоритет

Објавено на 22 Март, 2017 во Вести, Вести


Лихтенштајн - Македонија

Квалификации за СП 2018., Група Г

24. март 2017., 20:45

Стадион Рејнпарк, Вадуц.

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациската пресметка против Лихтенштајн в петок на гостински терен. Нашиот најдобар национален тим денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Вадуц. Капитенот на Македонија Горан Пандев вели дека фаворитската улога треба да ја потврдиме на теренот.

-Не сакаме да зборуваме за било кој натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме сѐ што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа, изјави Пандев.

Дарко Велковски смета дека Македонија треба да ја наметне својата игра од почетокот на натпреварот, верува дека ќе ја контролираме играта.

-Ни треба победа, посакуваме да наметнеме наша игра од првата минута и добро да се позиционираме на теренот. Ако успееме во тоа мислам дека нема причина за грижа, мислам дека во тој случај ќе победиме. Подобри сме, имаме фудбалери во одлична форма и верувам дека ќе ги контролираме работите на теренот во Вадуц, изјави фудбалерот на Вардар.

Иван Тричковски се надева дека одличната голгетерска форма од настапите во својот клуб ќе ја пренесе и на репрезентативно ниво. Напаѓачот на АЕК Ларнака вели дека

-Желбата и мотивот не треба да ги нагласуваме. За нас приоритет е победа на натпреварот во петок. Одигравме одлично на претходните неколку натпревари, а сега се надевам дека тоа ќе го надградиме и со освојување на бодовите. Конечно ова е натпревар кој може да биде пресвртница за нас по сите негативности кои ни се случуваа во изминатиот период. Работи посветено, ја знаеме својата одговорност и зададените задачи од селекторот и одиме да успееме во намерата да победиме, вели Тричковски.

Утре наутро во чартер лет македонската експедиција ќе се упати кон Вадуц. Официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот е закажан во 18:30 часот.




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација