МК EN SQ 0.0954

Отворен ден за дружење во младите фудбалски херои

Објавено на 14 Март, 2017 во Вести


В недела, 19. март, од 14:00 до 15:00 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира отворен ден за дружење со македонската фудбалска репрезентација до 21 година на теренот во комплексот „Петар Милошевски“. Сите љубители на фудбалот, оние кои искрено го сакаат и кои имаат желба да се запознаат со младите херои кои ја однесоа Македонија на Европското првенство во Полска се добродојдени на терените во „Куќа на фудбалот“ и ќе можат да се запознаат, да се фотографиираат со фудбалерите, да разменат по некоја фудбалска “финта” и секако да ја почувствуваат позитивната енергија која ја имаат овие наши млади фудбалери, а веќе големи професионалци и изградени личности. Децата ќе можат да се дружат со своите идоли, а сите други да им оддадат признание за најголемиот успех на македонскиот фудбал во неговата историја и да им посакаат успех и во Полска.

Фудбалот е најпопуларниот спорт во Македонија, кој бара посветеност, напорна работа, позитивна енергија за фер натпревар, отвореност, взаемно почитување и тимска работа. Токму овие вредности и добрата отмосфера во тимот, ни овозможија да создадеме една синергија и вплотеност невидена досега во нашиот фудбал. Овие млади момци покажаа карактер, истрајност и ги заслужуваат сите почести. Она што го направија никогаш нема да биде заборавено. Но еуфоријата и признанијата ветуваме дека ќе бидат дополнителен мотив, и дека нема да престанеме и понатаму напорно да работиме. И во Полска ќе одиме на победи, и се надеваме дека повторно ќе ги стоплиме срцата на сите луѓе во оваа наша убава земја, изјави Благоја Милевски селектор на репрезентација на Македонија, повикувајќи што поголем број на граѓани да дојдат в недела и да ја почувствуваме енергијата на вплотеност и заедништво.

Младите генерации се фудбалската иднина, во нив како и во подобрување на фудбалската инфраструктурата и понатаму ќе се вложува и ќе биде приоритет на работењето на ФФМ. Фудбалската федерација на Македонија и понатаму ќе биде отворена, транспарентна и проактивна, покажувајќи дека и значи мислењето на јавноста и дека секогаш ќе биде отворена за промени кои се во интерес на развојот на фудбалот.




   
   
Актуелности

24.03.2017    Вести

Македонија убедливо со 3:0 победи во Лихтенштајн

Најдобрата репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц славеше со убедливи 0:3 над Лихтенштајн, во натпревар од петото...

Календар

28 Мар

14:00 Македонија - Бугарија
    У21 пријателска
18:00 Македонија - Белорусија
    А репрезентација пријателска
А репрезентација