Остоја Стјепановиќ: Фокусирани сме на нашата игра

Објавено на 01 Септември, 2016 во Вести, Вести


Македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ верува дека во овој квалификациски циклус најдобриот наш национален тим ќе бележи резултати со кој ќе се врати довербата во селекцијата. Искусниот играч од средниот ред на Сласк Вроцлав вели дека добрата атмосфера во подготвителниот период ќе се пренесе и на теренот во Скадар на првиот квалификациски натпревар за СП 2018 против Албанија.

-Атмосферата во националниот тим е на високо ниво, ќе се обидеме тоа да го пренесеме и на теренот против Албанија. Во овој квалификациски цилкус наша главна цел ќе биде да ги подобриме резултатите и да ја вратиме довербата во националниот тим. Убеден сум дека доколку не краси спортска дрскост и желба за победа можеме да ги подобриме резултатите. Противникот го почитуваме и толку, многу повеќе сме фокусирани на нашето однесување на подготовките и на исполнување на обврските што од нас ги бара селекторот Ангеловски, вели Стјепановиќ.



   
   
А репрезентација