Одржано годишно лиценцирање на тренeрите од Прва и Втора МФЛ за сеозната 2014/15

Објавено на 29 Јули, 2014 во Вести


Тренерската организација на Македонија и Центарот за едукација при Фудбалската Федерација на Македонија денеска во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје одржаа годишно лиценцирање за новата натпреварувачка сезона на тренерите од Прва и Втора МФЛ кои работат со сениорските екипи.

На годишното лиценцирање свое предавање пред тренерите имаше проф. Д-р Димитар Стојменовски на тема – Менаџмент во врвниот фудбал. Претставниците на ФФМ на присутните тренери им ги дадоа на увид и користење најновите материјали од ФИФА кои содржат техничко – тактички тренинзи и начини кои тренерите можат да ги користат за подобра физичка подготовка. Од тренерската комисија на ФФМ уште еднаш беше потенцирана важноста на едукацијата на тренерите за развојот на нашиот фудбал, а федерацијата во рамки на своите можности ќе им ја даде потребната поддршка и логистика во насока на подобрување на образовниот фудбалски процес.

Присуството  на годишното лиценцирање е обврска превземена од УЕФА тренерската конвенција и во правилникот за издавање лиценци/дозволи на тренери на територија на РМ, а врз основа на која се организира школувањето и издавањето на УЕФА дипломите и нивното продолжување. Неприсуството повлекува мерка неиздавање лиценца/дозвола за работа за сезоната 2014/2015 и внесување на тренерот во Комет системот, што значи дека истиот нема да може да ја води екипата.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација