Одржана седница на Управниот одбор на ФФМ

Објавено на 09 Мај, 2019 во Вести


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

-  У.О. на ФФМ го прифати барањето од Агенцијата за млади и спорт за активна поддршка на проектот „Младинска картичка“ на АМС. Во иднина секој носител на младинска картичка ќе може да купи билет за натпреварите во организација на ФФМ (натпревари на македонската репрезентација и натпревари од Купот на Македонија) со попуст при купувањето на билетот од 25 проценти од утврдената цена;

-  У.О. на ФФМ ја утврди цената на билетот за финалето од Купот на Македонија. Влазницата за натпреварот меѓу Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев кој се игра на 22. мај на Националната арена „Тодор Проевски“ ќе чини 100 денари;

-  У.О. на ФФМ ги одреди местата и времето на одигрување на финалните натпревари во младински фудбал, женски фудбал и футсал од Купот на Македонија.

Помлади петлиња (2005) – 20. мај, 11:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;

Петлиња (2004) - 20. мај, 17:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;

Кадети - 21. мај, 11:00 часот, стадион  „Билјанини извори“, Охрид;

Младинци - 21. мај, 17:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;

Пионери - 22. мај, 11:00 часот, стадион „Билјанини извори“, Охрид;

Помлади пионери - 29. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Жени - 23. мај, 17:00, стадион„Никола Мантов“, Кочани;

Футсал - 01. јуни, 18:00, спортска сала „Јасмин“, Кавадарци; 





   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација