Одржан семинар за доктори и физиотерапевти

Објавено на 20 Февруари, 2015 во Антидопинг, Вести

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија во хотелот „Континентал“ во Скопје се одржа семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите и националните селекции во системот на ФФМ.

На семинарот беа одработени следните теми:

-  Допингот во спортот - предавач, Д-р Илија Стоилов

-  Последици по здравјето од злоупотребата на забранетите допинг супстанци и методи - предавач, Д-р Илија Стоилов

-  Меѓународен стандард за добивање на дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци или методи при заболувања на спортистот - предавач, Д-р Илија Стоилов

-  Суплементацијата во спортот и допинг проблемите - предавач, Д-р Ханџиски Зоран

-  Постапката на допинг контрола чекор по чекор - предавач, Д-р Ели Ханџиска

-  Менаџирање на допинг прекршоци и санкции за истите, предавач Адвокат Марија Спиреска

-  Нега и лекување на стапала, нокти и кожни болести на стапала – предавачи/претставници од др.Ваис


Евалуацијата на стекнатите познавања од областа за допингот во спортот беше изведена со дискусии и обработка на случај при сторен прекршок на Анти-Допинг правило. Учесниците на семинарот главно беа запознаени со материјата која се обработуваше. Истото се потврди и во одговорите на писментите прашања кои ги одговараа на крајот од семинарот. Сите учесници и практично ја пополнија потребната апликација за добивање дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци во случај на заболување на спортистот, кога мора да се користи забранета супстанца.

Беше поделен и материјал за спортистите во форма на флаери и книгата „Не за допингот во спортот” од д-р Илија Стоилов, каде е обработена материјата за допингот во спортот и е наменета за докторите физиотерапевтите и тренерите кои работат со спортистите.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација