Одреден распоредот за натпревари во 1 МФЛ за натпреварувачката сезона 2019/2020

Објавено на 26 Јули, 2019 во Прва МФЛ, Вести


Фудбалската федерација на Македонија преку ждрепка ги одреди паровите за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, која започнува во август.

Во првото коло шампионот Шкендија во Струмица ќе се соочи со Академија Пандев, додека Вардар ќе игра како домаќин со Македонија Ѓ.П.. Новајлиите Струга и Борец ги чекаат дуели соРаботнички, односно Шкупи. Силекс гостува во Тетово против Ренова.

Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе се емитува на ТВ-екраните. Јавниот национален сервис МТВ и „Арена Спорт“ ги имаат правата.

„Би сакал јавно да се заблагодарам на јавниот сервис за договорот што го направивме за продажба на ТВ-правата. Вие, како клубови, сте главниот столб на оваа федерација. Со директните преноси на МТВ и регионалната Спорт Арена клубовите добиваат голема можност за промоција, а со договорот сите се ослободени од плаќање котизација. Наша задача е да го чуваме имиџот и вредностите на нашиот фубал и да работиме да биде уште поуспешен и попопуларен. ФФМ останува сервис на клубовите за подобрување на имиџот и што е можно подобра презентација на домашната лига. Посакувам успешен настан на сите клубови и во духот на спортските вредности да се борите за подобар пласман“, истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Не беше едноставен процес за да се пласира македонската лига на ТВ. Но, нашите обврски не застануваат тука. Ние како федерација и вие како клубови треба да работиме заедно за да биде подобро. Мора да ги подобриме сите услови и критериуми што се потребни, за кога ќе заврши овој договор да имаме нов“, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Во продолжение преземете го распоредот за 1 МФЛ, натпреварувачка сезона 2019/2020:

Распоред Прва Лига 2019-2020(есен).pdf 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација