МК EN SQ 0.0740

Одлуки од седницата на Управниот одбор на ФФМ одржана на ден 29.03.2016

Објавено на 29 Март, 2016 во Одлуки


На предлог на Комисијата за женски фудбал, Управниот одбор на ФФМ го разреши досегашниот селектор на А репрезентацијата на Македонија – жени, Ванчо Балевски.

На предлог на Комисијата за женски фудбал, Управниот одбор на ФФМ го назначи Кирил Изов за селектор на А репрезентацијата на Македонија – жени. Кирил Изов досега беше селектор на женската репрезентација на Македонија до 17 години на која што во значителна мера и го подобри рејтингот со што таа репрезентација е единствената која што има квалитет да се надева на пласман во елитна фаза на квалификациите до 17 години.

На предлог на Комисијата за женски фудбал, Управниот одбор на ФФМ го назначи Тоше Нацев за селектор на женската репрезентација на Македонија до 17 години. Тоше Нацев беше дел од стручниот штаб на женската А репрезентација. 




   
   
А репрезентација