Одлуки од седница на У.О. на ФФМ

Објавено на 03 Март, 2015 во Вести

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана на 03. март 2015 година беа донесени следните одлуки:

- Управниот одбор на ФФМ ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Австралија на 30. март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Фудбалската федерација на Македонија овозможува бесплатен влез на Источната трибина (блок 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12) за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории и за сите фудбалери од пионерска, кадетска и младинска конкуренција за натпреварот Македонија – Австралија.

Цените на влезници за Северна трибина: Блок 13, 14, 18 и 19 – 100.оо денари; Блок 15, 17, 20 и 24 – 200.оо денари; Блок 21 и 23 – 250,оо денари;

Цените на влезници за Јужната трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 – 100.оо денари; Блок 3 и 4 – 150.оо денари; Централен дел (поранешен ВИП) - 250.оо денари

Цените на влезници за Западна трибина: Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 – цена од 50 денари.

-Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која го усвои извештајот на финансиската комисија за завршната сметка за 2014 година и извештајот на независниот резизор, како и извештајот за работата на Управниот одбор на ФФМ и Претседателот на ФФМ со цел истите да се проследат и дадат на усвојување на претстојното редовно Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

-Управниот одбор на ФФМ донесе предлог за измени и дополнувања на дисциплинскиот правилник во одредбите кои третираат антидопинг.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација