Одлуки од седница на Комисијата за избори и верификација

Објавено на 16 Август, 2018 во Вести


Согласно постапката за избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Комисијата за избори и верификација при ФФМ на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ констатираше дека до крајниот рок за поднесување кандидатури беа поднесени вкупно четири кандидатури. Комисијата за избори и верификација ги разгледа доставените кандидатури при што ги донесе следните одлуки:

- По однос на доставената кандидатура на ОФС Неготино и ОФС Ресен, Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат Харалампие Хаџи Ристески. Кандидатурата на ОФС Неготино и ОФС Ресен не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.

- По однос на доставената кандидатура на ОФС Тетово, Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат Влатко Костов. Кандидатурата на ОФС Тетово не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија. 

- По однос на доставената кандидатура на ОФС Куманово, Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат Вујадин Станојковиќ. Кандидатурата на ОФС Куманово не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.

- По однос на доставендата кандидатура на ОФС Кавадарци, Комисијата за избори и верификација ја прифати кандидатурата на предложениот кандидат Сашко Тасев. Кандидатурата на ОФС Кавадарци се прифаќа со оглед на тоа што предложениот кандидат ги исполнува општите и посебниот услов од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија. 

Донесените одлуки на подносителите не се конечни и против истите е дозволена жалба во рок од три дена.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација