Одлични 1:1 против Италија во Торино

Објавено на 07 Октомври, 2017 во Вести, Вести


Македонија одигра одлични 1:1 на гостувањето во Торино против Италија. Повеќе од рамноправна игра со четрикратниот светски шампион, а на несреќната резултатска негатива од првиот дел одговори Александар Трајковски со гол вреден голем бод.

Репрезентацијата на Македонија се враќа од Италија со голем бод од натпреварот со големиот фаворит. Одлична игра и одлични 1:1 избори најдобриот национален тим, кој што во целост го оствари тоа што го вети пред натпреварот. Дициплинирани во тактичките задачи во поголемиот дел од мечот, а малите пропусти сепак беа расчистени од последната линија или од голманот Димитриевски. Очекувано италјанците тргнаа офанзивно и во 7-та минута Инсиње искочи сам пред нашиот гол, но Димитриевски спасува со одлична интевенција. Во 17-тата минута Пандев убаво си создаде простор покрај италјанските деванзивци и распали со левата нога, но Буфон му ја скрати радоста со сигурна интевенција. Од овој момент Македонија беше рамноправна и тактички чекаше да изненади од контранапад, а Италија иако имаше поседот на топката не успеваше да создаде некоја сериоза можност за гол. Во 35-тата минута се закани Инсиње со глава, но Димитриевски сигурен на гол. Изгледаше дека првото полувреме ќе заврши со почетните 0:0, но 5 минути пред паузата  Имобиле избега во десната страна и асистираше за Кијелини, кој погоди за 1:0. Во продолжение Македонија играше по офанзивно а домашните делува сигурни со минималното водство. Спировски се закани со удар од далечино кој беше контролиран од Буфон, а подоцна Трајковски не го најде осамениот Алиоски пред домашниот гол, откако дефанзивците на Италија ја расчистија опасноста. Двете закани беа најава за тоа што следуваше во 77-та минута кога Пандев убаво асистираше за Трајковски, кој откако влезе во шеснаестерецот а неговиот силен шут беше незапирлив и за голман од калибарот на Буфон. 1:1 и голема еуфорија за нашата репрезентација и повеќе од 1 000 македонски навивачи кои се најдоа на трибините на стадионот во Торино. Се обидоа домашните до крајот да нападнат за победа, но Македонија се бранеше одлично и успеа да одбрани одлични 1:1 за голем бод и продолжвање на серијата без пораз која трае сега веќе три меча.

ИТАЛИЈА-МАКЕДОНИЈА 1:1 (1:0)

Стадион: „Олимпико“ во Торино.

Гледачи: 25.000.

Судија: Тиаго Мартинс.

Асистенти: Рикардо Сантош и Луис Кампош (сите од Португалија).

Ж. картони: Пароло (Италија); Хасани, Спировски (Македонија).

Стрелци: Кјелини 40′ (Италија), а Трајковски 77′ (Македонија).

ИТАЛИЈА: Буфон, Кјелини, Бонучи, Барзалји (Ругани 46′), Дармијан, Галјардини (Кристанте 75′), Пароло, Запакоста, Инсиње, Верди (Бернардески 64′), Имобиле. Селектор: Џан Пјеро Вентура.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски (Зајков 75′), Алиоски, Спировски, Барди, Радески, Хасани (Трајковски 64′), Пандев (Тричковски 80′), Несторовски. 

Селектор: Игор Ангеловски.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација