Одбрани победниците од апликацијата "12 Играч"

Објавено на 26 Март, 2015 во Вести

Најголемите фанови со најголемите срца оставаа пораки за апликацијата „12 Играч“ креирана за мотивација и поддршка на фудбалските репрезентативци за мечот Македонија - Белорусија.

Искажаната љубов, пријателство и наколнетост е нешто што нашите репрезентативци го препознаа во овие пораки и тое е само уште еден мотив повеќе да играат за своите најголеми фанови и да ги остават срцата на теренот.

Репрезентативците и селекторот Бошко Ѓуровски долго дебатираа околу пораките кои им се најомилени, а што ќе ги красат соблекувалната и просториите во кои тие престојуваат и се одлучија носечката порака на овој натпревар да биде "Победници се оние кои не се откажуваат...НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!".


Нашиот фан Петров Пенчо е добитник на официјален дрес на Македонската репрезентација, а сите фанови со 20-те најлајкувани пораки ќе добијат карти за натпреварот Македонија - Белорусија.

Ви благодариме на укажаната почит и поддршка за нашата репрезентација.

Вашата добра мисла ќе ги грее и охрабрува на мечот што им значи и ним исто колку и вам, бидејќи вие сте дванаесетиот играч!

Ова се 20-те пораки со најмногу лајкови кои ќе добијат карти за натпреварот Македонија - Белорусија

Име и презиме

Порака

Петров Пенчо

Победници се оние кои не се откажуваат. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!

Никола Миревски

Татковината е една а желбата голема, да играм и да победам за Македонија!

Јулиана Димески

Срце на терен!!! За Македонија!!!

Христијан Јовановски

Македонија очекува и сака историски пласман од вас. Вие сте нашата гордост и иднина. Оваа мала земја е желна за нови победи и достигнувања. И во победа и во пораз ние ќе бидеме со вас!!! Играјте за нас и оставете го срцето на терен!!! Напред наши заедно до победа.

Ане Анушка

Еден за сите, сите за Македонија!

Диме Филиповски

Со храбра игра од вас и со поддршка од нас ПОБЕДАТА ЌЕ БИДЕ НЕИЗБЕЖНА

Благоја Филиповски

Играјте храбро, играјте лудо, Македонија сака чудо

Данчо Пинто

Победуваат само оние кои се подготвени и после тежок пад повторно да застанат на нозе!!!

Тони Зизајковски

Ако не ЈАС кој? Ако не СЕГА кога?

Петров Пенчо

Играјте за нас, победувајте за нас, а ние ќе навиваме за вас!! МАКЕДОНИЈА

Златко Јовчевски

Лавовско срце за Македонија

Стојанче Тодоров

Make Things HAPPEN

Теодора Михајлова

Ние навиваме за вас, вие победете за нас!

Петар Стојчевски

Заборави се што другите ќе кажат, ќе пишат, ќе шират. Има само еден глас што треба да го слушаш и да го следиш. Се наоѓа под амблемот на твојот дрес. Со рака на срце и силна верба во себе! Во победа!

Јаковлев Александар

Направете не горди! Одбранете го името на дресот! ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА!

Бојана Спиркоска

НАПРЕД МАКЕДОНИЈААААААА!

Дарко Слупчев

Сите заедно, До Победа!

Андријан Велјановски

Играњето фудбал со твоите нозе е една работа, а играшето фудбал со срце е друга работа. За да го направите тоа треба да верувате во тоа кога никого нема да верува во вас!

Дејан Спиркоски

2 000 000 срца чукаат за една цел! ОДИМЕ НА ЕУРО 2016!

Дејан Дамески

11 ФУДБАЛЕРИ ИГРААТ ЗА ЦЕЛА НАЦИЈА! МАКЕДОНИЈА!!!

Сите добитници ќе бидат известени од каде ќе можат да ги подигнат картите.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација