О Д Л У К И ОД СОСТАНОК НА ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА НА ФФМ НА ДЕН 16.09.2015

Објавено на 16 Септември, 2015 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Вардар“ од Скопје, Ромеро ЈР Цезар,со ИД број 125881 исклучен во 59  минута поради недозволен контакт со противнички фудбалер во прекин на игра на  натпреварот од шесто коло на Прва МФЛ:Ф.К.“Вардар“ –  Ф.К.“Хоризонт Турново“ одигран на ден 13.09.2015 во 16,00 часот на Арена Филип Втори во Скопје  согласно  член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  14.09.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од Скопје, Стојановски Влатко,со ИД број 110862 исклучен во 75  минута поради недозволена игра – остар старт во  игра на  натпреварот од шесто коло на Прва МФЛ:Ф.К.“Металург“ –  Ф.К.“Брегалница 2008“ одигран на ден 13.09.2015 во 16,00 часот на стадионот Железарница во Скопје  согласно  член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  14.09.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Брегалница 2008“ од Скопје, Ристовски Стефан,со ИД број 114104 исклучен во 54  минута поради груб прекршок – удар со отворен ѓон во пределот на стомакот во игра на  натпреварот од петто коло на Прва МФЛ: Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на стадионот “Никола Мантов“ во Кочани согласно  член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  30.08.2015 година.

Јакимовски Дејан фудбалски судија од Скопје поради ненавремено доставување на изјава по однос на исклучен фудбалер – доделен црвен картон  на  натпреварот од  петто  коло Прва МФЛ: Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на  градскиот стадион во Кочани  согласно со член  85 став 1 точка 8 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со дисциплинска мерка ОПОМЕНА

Ф.К.“Шкупи 1927“ од  Скопје се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра, врз основа на член  51 став 5 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради фрлање на пластични шишиња и други тврди предмети во терен на  натпреварот: Ф.К.“Шкупи 1927“–  Ф.К.“Хоризонт Турново“ –  одигран на ден 26.08.2015 во 16,30 часот на  стадионот на Чаир  во Скопје.

Ф.К.“Вардар“ од  Скопје се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра, врз основа на член  29,36,51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  недолично однесување на навивачката група на Ф.К.“Вардар“ од Скопје (Комити) извикување и пеење на песни со навредлива содржина на  натпреварот Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на  стадионот “Никола Мантов“ во Кочани.

Ф.К.“Шкендија“ од  Тетово се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра, врз основа на член  29,36,51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  недолично однесување на навивачката група на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово (Балисти ) извикување и пеење на песни со навредлива содржина на  натпреварот Ф.К.“Металург“ – Ф.К.“Шкендија“ одигран на ден 23.08.2015 во 16,30 часот на  стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.

Ф.К.“Пелистер“ од  Битола се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра, врз основа на член  29,51 од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради употреба на пиротехнички матерјал на навивачката група “Чкембари“ на  натпреварот: Ф.К.“Победа“–  Ф.К.“Пелистер“ –  одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на  стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп.

Ф.К.“Победа“ од  Прилеп се казнува со парична казна  од  750 (седумстотини и педесет ) евра, врз основа на член  29,49,51 од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ и согласно  Пропозициите за Втора МФЛ 2015-2016 поради употреба на пиротехнички матерјал на навивачката група “Мајмуни“ и присуство на неслужбено лице во службените простории по завршување на натпреварот  : Ф.К.“Победа“–  Ф.К.“Пелистер“ –  одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на  стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација