O Д Л У К И Состанок на Дисциплинска комисија на ФФМ 24.09.2014

Објавено на 24 Септември, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Најденов Бојан,со ИД број 102092 исклучен во 65 минута поради  недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 8 коло од Прва МФЛ помеѓу: ФК Ренова – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 20.09.2014 во 15:30 на  Градскиот стадион во Тетово,  согласно член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1( еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  21.09.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Стојчевски Стојан,со ИД број 103683 исклучен во 45+1 минута поради  недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 8 коло од Прва МФЛ помеѓу: ФК Ренова – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 20.09.2014 во 15:30 на  Градскиот стадион во Тетово,  согласно член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1( еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  21.09.2014 година

Фудбалерот на Ф.К. “Еуромилк“ од Скопје Љамалари Арсим,со ИД број 104972 исклучен во 88 минута поради  недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 6 коло од Втора МФЛ помеѓу: ФК Еуромилк – Ф.К.Гостивар одигран на ден 20.09.2014 во 15:30 на  стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје,  согласно член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1( еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  21.09.2014 година

Се поведува дисциплинска постапка против Алиу Ружди  претставник на Ф.К.Врапчиште од Врапчиште,пријавен по завршување на натпреварот поради удирање на противнички фудбалер на натпреварот од 6 коло  ФК Врапчиште – Ф.К.Младост одигран на стадионот на Влазерими во Кичево 20.09.2014.

Лицето Алиу Ружди претставник на Ф.К.Врапчиште Врапчиште се СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 21.09.2014 година.

 Се задолжува Алиу Ружди  да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против Сали Ерсен со ИД број 102496  фудбалер на Ф.К.Врапчиште од Врапчиште,пријавен по завршување на натпреварот поради удирање на противнички фудбалер на натпреварот од 6 коло  ФК Врапчиште – Ф.К.Младост одигран на стадионот на Влазерими во Кичево 20.09.2014.

 Сали Ерсен фудбалер на Ф.К.Врапчиште Врапчиште се СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 21.09.2014 година.

 Се задолжува Сали Ерсен  да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Врапчиште од Врапчиште поради  слаба организација – на натпреварот од 6-то коло Втора МФЛ : Ф.К.“Врапчиште“ – Ф.К.“Младост“  одигран  на стадионот  на Ф.К.Влазерими од Кичево на 20.09.2014 година. Се задолжува ФК Врапчиште од  Врапчиште – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Врапчиште од Врапчиште поради  непочитување на Одлука број 1102-1327/27 од 03.06.2014 година донесена од страна на Дисциплинска комисија на ФФМ – на натпреварот од 6-то коло Втора МФЛ : Ф.К.“Врапчиште“ – Ф.К.“Младост“  одигран  на стадионот  на Ф.К.Влазерими од Кичево на 20.09.2014 година. Се задолжува ФК Врапчиште од  Врапчиште – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкупи 1927 од Скопје поради немање обезбеден разглас и најавувач на натпреварот од 6-то коло Втора МФЛ : Ф.К.“Шкупи1927“ – Ф.К.“Скопје“  одигран  на стадионот на Чаир во Скопје на 20.09.2014 година. Се задолжува ФК Шкупи 1927  од  Скопје– овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК“Пелистер“ од Битола поради неспортско скандирање на навивачката група на Ф.К.Пелистер Битола (Чкембари) за време на натпреварот од 8-то коло Прва МФЛ : Ф.К.“Пелистер“ – Ф.К.“Шкендија“  одигран  на стадионот на Битола на 20.09.2014 година. Се задолжува ФК Пелистер  од  Битола – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација