О Д Л У К И Состанок на Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 30.09.2015 година

Објавено на 30 Септември, 2015 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Вардар“ од Скопје, Ромеро ЈР Цезар,со ИД број 125881 исклучен во 81  минута поради фаќање за врат на противнички фудбалер во прекин на игра на  натпреварот од осмо коло на Прва МФЛ:Ф.К.“Вардар“ –  Ф.К.“Работнички“ одигран на ден 27.09.2015 во 15,30 часот на Арена Филип Втори во Скопје  согласно  член 42 став 2 с во врска со член 3 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 4(четири) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  28.09.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово, Цуцули Ардиан,со ИД број 102487 исклучен во 56  минута поради  удирање со рака на противнички фудбалер во пределот на лицето во игра на  натпреварот од осмо коло на Прва МФЛ:Ф.К.“Шкендија“ –  Ф.К.“Силекс“ одигран на ден 27.09.2015 во 15,30 часот на стадионот  во Кичево  согласно  член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 ( три) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  28.09.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште, Мојсов Ѓорѓи,со ИД број 102088 исклучен во 88  минута поради приговор – втор жолт картон на  натпреварот од осмо  коло на Прва МФЛ: Ф.К.“Металург“ – Ф.К.“Ренова“ одигран на ден 27.09.2015 во 15,30 часот на стадионот “Железарница“ во Скопје  согласно  член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  28.09.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Вардар“ од Скопје поради :

а) недолично и неспортско однесување на навивачката група “Комити“,извикување на зборови со навредлива содржина упатени кон ФФМ и кон Претстдателот на ФФМ, како и извикување на пароли со навредлива содржина на национална основа на СУПЕР КУП натпреварот: Ф.К.“ Вардар “ –  Ф.К.“ Работнички “ одигран на ден 23.09.2015 во 20,00 часот на Арена “Филип втори“ во Скопје.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Вардар“ од Скопје да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка по пријава на комисијата за безбедност на ФФМ против Горан Попов фудбалер на Ф.К.“Вардар“ од Скопје поради :

а) извикување на зборови со навредлива содржина упатени кон Претседателот на ФФМ,за време на церемонијата на доделување на медалите за СУПЕР КУП натпреварот: Ф.К.“ Вардар “ –  Ф.К.“ Работнички “ и потикнување на останатиот дел од публиката да се приклучат кон таквото однесување.

Се задолжува Горан Попов фудбалер  на Ф.К.“Вардар“ од Скопје да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се задолжува Зоран Саздов Претседател на комисијата за безбедност на ФФМ да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Вардар“ од Скопје да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Пелистер“ од Битола поради :

а) употреба на пиротехички матерјал на навивачката група “Чкембари“во тек на натпреварот и недолично однесување на навивачката група “Чкембари“ употреба на навредлиови зборови  на национална основа на натпреварот: Ф.К.“ Пелистер “ – Ф.К.“ Тетекс “ одигран на ден 26.09.2015 во 15,30 часот на Градскиот стадион во Прилеп.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Пелистер“ од Битола  да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Младост“ од Царев Двор поради :

а) недолично однесување на своите навивачи, во тек на  на натпреварот Ф.К.“Младост“ – Ф.К.“Шкупи “ одигран на ден 27.09.2015 во 15,30 часот на стадионот во Охрид.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Младост“ од Царев Двор да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје поради:

а) недолично однесување на своите навивачи, во тек на  на натпреварот Ф.К.“Младост“ – Ф.К.“Шкупи “ одигран на ден 27.09.2015 во 15,30 часот на стадионот во Охрид.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.




   
   
А репрезентација