О Д Л У К И на дисциплинската комисија на ФФМ од 03.12.2014 г.

Објавено на 04 Декември, 2014 во Одлуки


Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Брегалница 2008“ од Штип :

a)  Поради присуство на неслужбено лице во службените простории на натпреварот Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Силекс“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот во Штип.

Се задолжува ФК“ Брегалница 2008“ од  Штип – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Вардар“ од Скопје :

а)  Поради употреба на пиротехника во  текот на целиот натпревар Ф.К.“Вардар“ –  Ф.К.“Работнички“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот на Арена Филип втори во Скопје.

Се задолжува ФК“ Вардар“ од  Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Шкендија“ од Тетово :

а) Поради недолично , националистичко однесување на навивачката група “Балисти“ во текот на  натпреварот  Ф.К.“Шкендија“ –  Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот на градскиот стадион во Тетово.

Се задолжува ФК“ Шкендија“ од  Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје се казнува со парична казна  од  1.500 (илјада и петстотини ) евра, врз основа на член 51 а во врска со член 36,37 и 38  од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  употреба на пиротехнички средства на навивачката група “Шверцери“ во текот на натпреварот Ф.К.“Шкупи 1927“ – Ф.К.“Младост“ одигран на ден 22.11.2014 во 13,00 часот во Скопје, стадоон Чаир , поради што се предизвикани два прекини на натпреварот и поради истакнување на транспарент со националистичка содржина.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација