О Д Л У К И СОСТАНОК НА ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА НА ФФМ

Објавено на 14 Мај, 2015 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од Скопје Наумовски Благоја,со ИД број 100683 исклучен во 84  минута поради неспортски однос-симулација (втор жолт картон) на натпреварот од  29 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Металург  – Ф.К.Ренова  одигран на ден 07.05.2015 во 16:00 часот на  стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје,  согласно со член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  08.05.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново, Пандев Сашко,со ИД број 100364 исклучен во 38 минута поради неспортско -вулгарно однесување кон главниот судија,судиската четворка, како и кон ФФМ, со тоа што истиот го исплукал главниот судија на натпреварот и со рака во еден момент го изгребал во пределот на ракта за време на доделување на црвениот картон, на натпреварот од  30 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Хоризонт Турново  – Ф.К.Тетекс  одигран на ден 10.05.2015 во 16:00 часот на  стадионот во Турново.  Дисциплинската комисија на ФФМ во конкретниот случај  ги ценеше отежителните околности  и тоа : тежината на сторениот прекршок,гребнатинки на раката на судијата,  плукање на судијата, степенот на одговорноста на фудбалерот Пандев Сашко кој во натпреварувачката 2014-2015 е повеќепати казнуван со тоа што за него беше изречена и временска казна од 6 месеци.Досега изречените дисциплински мерки не влијаеле врз него и неговото однесување па поради тоа согласно со член 35 а во врска со член 3од  ДП на ФФМ СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 5 (пет) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  11.05.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Велазерими 77“ од Врапчиште, Мирселоски  Раиф,со ИД број 103404 исклучен во 15  минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од  25 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Велазерими 77  – Ф.К.Дрита одигран на ден 09.05.2015 во 16:30 часот на  Игралиштето на Велазерими  во Кичево,  согласно со член 35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  10.05.2015 година.

СЕ ЗАПИРА поведената дисциплинска постапка број 0801-767/3 од 06.05.2015 година против ФК Шкендија од Тетово поради утврдена фактичка состојба дека лицето Реџеп Љума иако е казнет за наведениот натпревар не извршувал никаква функција поврзана со фудбалскиот спорт и истиот бил на трибина како обичен гледач..

СЕ ЗАПИРА поведената дисциплинска постапка број 0801-767/2 од 06.05.2015 година против ФК Тетекс од Тетово поради немање на докази.

СЕ ЗАПИРА поведената дисциплинска постапка број 0801-633/6 од 09.04.2015 година против Вако Мавров главен  судија,Дарко Ивановски делегат  и Бурханедин Салихи контролор на натпреварот Скопје - Младост поради немање на докази.

Фудбалерот на Ф.К. “Еуромилк“ од Скопје, Костенцовски Марко,со ИД број 100827 поради физички напад спрема вториот помошен судија (Топојани Мервин) на натпреварот од  22 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Скопје  – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 часот на  стадионот во Ѓорче Петров,  согласно со член 44од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап во траење од 9(девет) месеци.

Казната тече од  20.04.2015 година.

Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.

Фудбалерот на Ф.К. “Еуромилк“ од Скопје, Ристов Сашко,со ИД број 100362 поради неспортско однесување , псовки ,непристојни гестикулации спрема вториот помошен судија (Топојани Мервин) на натпреварот од  22 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Скопје  – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 часот на  стадионот во Ѓорче Петров,  согласно со член 35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени или куп натпревари

Казната тече од  20.04.2015 година.

Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.




   
   
А репрезентација