Несторовски и Велковски: Имаме чест да го браниме македонскиот дрес и мораме да се докажеме

Објавено на 08 Ноември, 2016 во Вести, Вести


Репрезентативниот напаѓач Илија Несторовски и дефанзивецот Дарко Велковски ги поделија своите размислувања на почетокот на подготовките на А репрезентацијата на Македонија за натпреварот против Шпанија на гостински терен на 12. ноември.

-Атмосферата во тимот е одлична, сите размислуваме позитивно и со нетрпение чекаме да играме. На сите ни е јасно е дека мораме да бидеме на највисоко ниво, а на натпреварот ќе видиме колку сме подготвени и како сето тоа ќе изгледа. Ќе се обидеме да презентираме игра како на претходните натпревари, тешко е против Шпанија да играш пресинг или да напаѓаш како што тоа го правевме на дуелите со Израел и Италија, но мораме да истраеме и да се обидеме да продолжиме на тој начин, вели Несторовски.

-Се чувствувам одлично, живееме за вакви прилики, имаме чест да го браниме македонскиот дрес и мораме да се докажеме. Мислам дека сме на вистински пат, иако ги загубивме првите натпревари. Фудбалот нас нѐ казни против Албанија, Израел и Италија, но повторно ќе бидеме добри, ќе дадеме сѐ од себе, изјави напаѓачот на италијански Палермо, Илија Несторовски.

Дарко Велковски вели дека Шпанија е можеби најкомплетната репрезентација на светот, но наше е да играме фудбал и да бидеме вистински на теренот.

-Мораме да размислуваме за себе, да бидеме вистински тим на теренот и повторно да докажеме дека можеме да се носиме со најдобрите како што тоа го правеше екипата против Италија. Тие се можеби најкомплетната репрезентација во светот, за сите е тешко кога играат против нив, но битно за нас е што покажуваме страст кон работата и што владее одлична атмосфера. Ќе се бориме. Кај нас помладите во репрезентацијата се чувствува позитивна нервоза, но добро работиме на подготовките, физички и ментално сме спремни, изјави Дарко Велковски.








   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација