Надежите пред историски предизвик, спремни за Шкотска

Објавено на 10 Октомври, 2016 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 години во вторник се среќава со Шкотска во последниот натпревар од квалификациите за пласман во Европското Првенство за млади играчи, кое што ќе се одржи во Полско во 2017 година. Натпреварот се игра во вторник во Арената “Филип Втори” со почеток од 18 часот и 45 минути. 

Селекторот на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски како и секогаш во овие квалификации опуштено во поглед на очекувањата, без притисок, но максимално професионално и сериозно кон работата што треба да се направи го очекува и последниот и клучен натпрвар за пласман на Европското Првенство. Милевски на вообичаениот брифинг со новинарите на ден пред натпреварот, уште еднаш повтори дека без оглед како ќе заврши овој натпревар, надежите во овие квалификации се надмина себеси, и со покажените игри, квалитет, менталитет и професионализам, докажаа дека иднината е пред нив. Во таква атмосфера се очекува и последниот наптревар со Шкотскa, кој на Македонија може да му носи историски пласман на Европско Првенство. 

Се надевам дека сме спремни, после натпреварот ќе видиме дали сме било на ниво. Верувам дека ќе бидеме во исто ниво како на претходните натпревари и да бараме позитивен резултат. Важно за мене е што сите играчи се здрави и спремни за игра. Нема да промениме многу околу играта или поставеноста. Шкотска има измени од предходниот натпревар, играат друг начин на игра и играчи за разлика од нашиот меѓусевен прв натпревар. Концентрацијата наша е како ние ќе играме. Единствено што мора кај мене е да се даде максимум, а све друго доаѓа само. Ако даваме максимум за мене е ок, а после натпреварот ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за победа. Среќа не би рекол, затоа што ако се потпреме само на среќа не правиме ништо. Да секогаш е потребен факторот среќа, но ние мора да си ја вршиме нашата работа. Не правам калкулаци, единствено што мислам е да победиме, а потоа ќе видиме”, рече меѓу другото предводникот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски.

За мене е важно да победиме, без разлика дали ќе се пласираме во Европското Првенство или не. Овие квалификации ги игравме мислејќи од натпревар во натпревар, концетрирајќи се на секој следен натпревар. Сега за нас следен натпревар и со Шкотска, ние мислиме за победа, а потоа ќе пресметаме што сме успеале да направиме. Има притисок од важноста на натпреварот, но момците покажаа предходно дека знаат да се носат со притисокот и очекувам притисокот да се претвори во мотив за уште еден голем резултат“, заврши Милевски.  

Натпреварот Македонија У 21 – Шкотска У 21 се игра во вторник во националната арена “Филип Втори”, со почеток од 18:45.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација