На јужна – најголемото македонско знаме

Објавено на 07 Јуни, 2017 во Билети, Вести

Бодри ја Македонија и биди дел од мозаикот со македонското знаме

На натпреварот Македонија - Шпанија на 11. јуни (недела) во 20:45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со кревање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.

Во недела, на 11. јуни во 20:45 ја бодриме репрезентацијата на Македонија на натпреварот против Шпанија.

Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

„После химната, нема замор. Поддржете ја Македонија“

Горан Пандев – капитен на Македонија 




   
   
Актуелности

22.05.2018    Вести

Купот на Македонија ќе биде пренесуван и на знаковен јазик

Во обезбедувањето знаковен превод на финалето од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ и Национална спортска...

Календар

24 Мај

17:00 Азербејџан - Македонија
    У21 пријателска

27 Мај

17:00 Азербејџан - Македонија
    У21 пријателска
А репрезентација