Модул 4 – УЕФА Про тренерски курс

Објавено на 20 Март, 2015 во Вести


Центарот за едукација на ФФМ, го закажа одржувањето на Модул 4 од програмата за добивање на УЕФА Про тренерска диплома. Модулот / Семинарот ќе се одржи од 23 – 25 Март 2015 во Хотел Карпош – Скопје. Специјален УЕФА гостин – предавач е инструкторот од Холандија Г-дин Вим Коверманс кој ќе има свои теоретски и практични презентации на следниве теми:

-  Градење на систем на игра

-  Систем против систем

-  Тактичка подготовка на екипата

Теоретските презентации се само за кандидатите на оваа програма додека практичните презентации се отворени за сите заинтересирани тренери а ќе се одржат на игралиштето на ФК Работнички во следниве термини:

-  Понеделник 23.03.2015 од 15:00 часот

-  Вторник 24.03.2015 од 11:30 часот




   
   
А репрезентација