Милевски: Одиме од натпревар во натпревар

Објавено на 29 Август, 2016 во Вести, До 21 год


Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денеска одржа брифинг со новинарите пред двата важни натпревати од тековните квалификации против Шкотска и Северна Ирска.

Ние сме подготвени да продолжиме таму каде што застанавме. Не случајно имаме речиси ист список на повикани фудбалери, ростерот е тој што играше на поголемиот дел од квалификациите и наша определба ќе биде да се обидеме да продолжиме со добрите игри и резултати. Нормално дека ќе се обидеме да победиме, свесни дека не очекува тежок натпревар во Шкотска, но ние влегуваме со ист пристап, без разлика дали играме со Франција, Шкотска, Северна Ирска или било кој друг”, вели селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, притоа нагаслувајќи дека фокусот сега е на подготовките. “Тренираме редовно, играчите кои имаа натпревар добија мала поштеда, како Бејтулаи и Мурати, исто и Пивковски кој ни се приклучува денеска. Најверојатно стартери ќе бидат тие кои беа во најтесниот круг на натпреварот со Украина, освен Ангелов кој е повреден и дополнително ќе одредиме кој ќе почне на негово место ”.

Според предводникот на нашите надежи дополнителен притисок не се создава , туку само се настојува да се продолжи во ист ритам како во досегашниот дел на квалификациите.

Одиме од натпревар во натпревар, секогаш одиме да победиме, така ќе биде и сега, а после натпревар ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за победа или нерешен резултат. Ние нема да го менуваме начинот на игра, ова е единствениот начин на кој знаеме да играме и така ќе биде до крај”, заврши Милевски.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација