Металург победници на Купот на Македонија за младинци

Објавено на 19 Мај, 2015 во Младински Куп, Вести

Младинската екипа на Металург ја одбрани титулата во Купот на Македонија. Во 23-то финале од Купот на Македонија за младинци, фудбалерите на Влатко Колев го победија тимот на Шкупи со 3:0.

За Металург титулата е трета во низа, тимот од Автокоманда славеше на финалните пресметки во последните две години. Влатко Стојановски во 10. минута го постигна водечкиот погодок за Металург по слободниот удар и нафрлувањето на Сашо Шопоски. Наумче Бакрачески ја удвои предноста во 18. минута. Фудбалерите на Металург доминираа во полувремето, своја шанса не искористија и преку Михајло Јакимовски. Во првиот дел, Шкупи не создаде сериозна прилика да го загрози голот на Металург. Во 68. минута Металург ја круниса доминантната партија со погодок за 3:0. Стрелец на голот беше Михајло Јакимовски . Во шанса која не ја искористи се најде и Влатко Стојановски. Во последните минути од натпреварот Буњамин Амети од Шкупи доби црвен картон откако преостро стартуваше врз Адриан Чаволи. На Градскиот стадион во Велес, Металург заслужено славеше и се радуваше на новата Куп титула во 23-то финале од младинското натпреварување.

-Докажавме дека сме најдоминантна младинска екипа во Македонија. Победата е апсолутно заслужена. Доминиравме, создававме шанси и бевме ефикасни. Честитки за играчите, одиграа според договореното и без потценување на противникот. Ова е нова награда за трудот кој го вложуваме во младинските категории. Играчите се свесни дека преку резултати и успеси можат да напредуваат, а мене тоа како тренер ме прави многу горд, изјави тренерот на Металург, Влатко Колев.

МЕТАЛУРГ – ШКУПИ 3:0 (2:0)

(1:0 Влатко Стојановски 10`2:0 Наумче Бакрачески 18`3:0 Влатко Стојановски 68`)

1.Филип ИЛИЌ 2. Мартин ЛЕКОСКИ (18. Мартин Радески) 3. Христијан КАРАНФИЛОВСКИ 4. Бесарт КРИВАЊЕВА 5. Дарко ДИГАЛОВСКИ (капитен) 6. Наумче БАКРАЧЕСКИ (16. Никола Ѓурчиновски) 7. Влатко СТОЈАНОВСКИ 8. Стефан ЈЕВТОВСКИ 10. Сашо ШОПОСКИ (14. Стојанче Костадиновски)11. Михајло ЈАКИМОСКИ (17. Јасир Алији ) 15. Дарко ДОДЕВ (9. Адриан Чаволи);

12. Филип Лазаревски 13. Христос Папули;

12. Аљбан МИФТАРИ 4. Арменд ЧАЈАНИ (13. Сејфулах Фуга)5. Алберт НАЏАКУ 6. Омер ХАЛИТИ 7. Енес САМАКОВА 8. Фљорим МУРТЕЗАНИ 9. Ердан МУРИЌ (16. Хадис Ќаили)10. Бесар ИСЕНИ 11. Еркан ФЕТАИ (17. Буњамин Амети) 22. Хетем АРСЛАНИ (14. Бајрам Реџепи) 23. Енес ЦУРИ (18. Емин Сопа):

1. Осман Даци 15. Ферит Веселовски 18. Емин Сопа;

Утре, со почеток во 20.00 часот на Националната арена „Филип Втори“ се игра големото финале од Купот на Македонија меѓу Тетекс и Работнички.




   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација