Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Објавено на 10 Септември, 2019 во Вести, До 21 год

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски.

Македонската репрезентација до 21 година со победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за Европското првенство 2021. година.

Нашата селекција славеше со 7:1. Хет - трик на Димитар Митровски, два гола на Дарко Чурлинов, погодија и Ердон Даци и Есмин Личина. 

Гостинската репрезентација го отвори резултатот со голот од пенал на Андреасен во 19. минута. Со рака во нашиот шеснаесетник играше Агрон Руфари, а сигурен од пенал беше гостинскиот напаѓач, Андреасен.

Имавме две убави прилики од слободен удар да го израмниме резултатот, но два пати Митровски од шеснаесет метри шутираше само во блокот на гостинските фудбалери. 

Нашиот напаѓач, сепак беше најзаслужниот за израмнувањето во 27. минута. Митровски искористи невнимание на одбраната на Фарски Острови и го постигна голот за 1:1.

Само пет минути подоцна Дарко Чурлинов со убав погодок носи предност за македонската репрезентација, а пред крајот на полувремето, во 44. минута, Димитар Митровски со својот втор гол ја зголемува нашата предност на 3:1. Давор Здравковски асистираше за третиот гол на македонската репрезентација.

Во второто полувреме првата шанса не ја искористивме преку Чурлинов на додавање на Митровски, но сепак не се чекаше многу на четвртиот гол во мрежата на Фарски Острови. Во 59. минута Ердон Даци со глава постигна погодок по нафрлување на Чурлинов за 4:1.

Во 62. минута веќе беше 5:1 за нашата селекција. Есмин Личина со глава биеше кон голот на гостите, топката ја зафати Андреасен и заврши во мрежата на Фарски Острови. 

Во 79. минута прекрасен обид со „ножички“ имаше Митровски, беше близу до хет - трик, но овој пат голманот Закаријасен беше поуспешен.

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, сепак, славеше хет - трик во 85. минута, откако погоди по додавање на Трапановски. Конечниот резултат 7:1 го постави Дарко Чурлинов во 88. минута. 

МАКЕДОНИЈА до 21 година: 1. Ристо Јанков, 3. Филип Антовски (2. Ване Јованов 46`), 4. Тодор Тодоровски (11. Кристијан Трапановски 69`), 5. Агрон Руфати, 6. Есмин Личина, 7. Милан Ристовски (Марио Крстовски 83`), 8. Јани Атанасов (14. Милош Тошевски 69`), 9. Дарко Чурлинов, 10. Давор Здравковски, 19. Ердон Даци (18. Емил Абаз 69`), 21. Димитар Митровски; Селектор: Благоја Милевски; 




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација