Македонската репрезентација до 18 години славеше победа од 3:2 над Шведска

Објавено на 11 Јуни, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 18 години го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Шведска. На тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот" нашите млади фудбалери забележаа победа со резултат 3:2.

Избраниците на Горан Станиќ одлично го започнаа натпреварот и со голот на Стефан Јефтовски од пенал во 11` поведоа со 1:0. Во продолжението противникот се консолидираше и во 28` од средбата успеа да го израмни резултатот. Стрелец на голот за репрезентацијата на Шведска беше Марко Николиќ. Во првиот дел нашата селекција доминираше во поседот на топка, но теренската иницијатива не успеа да ја претвори во резултатска предност. Подобрата игра ја крунисавме со ран погодок во вториот дел. Во 50` Нехар Садики погоди за нова предност на Македонија. Падот на концентрација и невниманието во нашата одбрана го искористија швеѓаните и преку Ади Терзиќ во 54` постигнаа гол за ново израмнување на овој дуел. Голот за победа на нашата репрезентација го постигна Тела Шаип во 90`. Одлична игра на нашите млади фубалери и заслужена победа.


„Одигравме одличен натпревар. Доминиравме во текот на сите 90 минути. Бевме одлични во реализацијата и постигнавме 3 погодока. Посебно ме израдува пристапот на моите фудбалери кој го имаа на овој натпревар. По несреќно примениот втор погодок не се предадовме, продолживме да притискаме и успеавме да постигнеме гол за победа.", изјави Горан Станиќ.

МАКЕДОНИЈА - ШВЕДСКА 3:2 (1:1)

МАКЕДОНИЈА: 1. Боби Целески  2. Слободан Боцевски  3. Стефан Јефтовски  4. Нехар Садики  5. Тела Шаип  6. Дин Аломеровиќ  7. Матеј Цветановски  8. Давор Здравковски  9. Петар Петковски  10. Саше Шопоски  11. Валентин Кочовски

ШВЕДСКА: 1. Оскар Линнер  2. Ади Терзиќ  14. Јакоб Ортмарк  4. Александер Лекселл  15. Џуџу Ва Џакашуа  15. Јохан Бранеффалк  7. Густав Берггрен  8. Ерик Андерссон  17. Кевин Дееромран  10. Марко Николиќ  18. Аднан Марик





   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација