МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 15 ГОДИНИ ЈА ПОБЕДИ БиХ

Објавено на 15 Мај, 2014 во До 17 год

Македонската репрезентација до 15 години ја победи Босна и Херцеговина со 4:3 на вториот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран во комлексот „Куќа на фудбалот“.

Македонската репрезентација до 15 години ја победи Босна и Херцеговина со 4:3 на вториот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран во комлексот „Куќа на фудбалот“. Нашата репрезентација одлично го отвори натпреварот. По дванаесет минути игра фудбалерите на Вујадин Станојковиќ обезбедија предност од 2:0 со погодоците на Јани Атанасов (6`) и Филип Јовановски (12`). Босна и Херцеговина до полувремето го анулираше нашето водство со двата гола на Адис Смајиќ (33` и 38`). Во првото полувреме, Македонија не реализираше уште две одлични шанси за погодок.

По пет минути игра во второто полувреме, БиХ постигна гол за водство од 3:2 преку Мрзиќ. Нашиот селектор Вујадин Станојковиќ со неколку замени во составот успеа да наметне игра која даде резултат, најпрвин за израмнување во 67 минута преку Наумовски, а во судиското напополнување Васко Трајков постигна погодок за конечни, Македонија – БиХ, 4:3. Прва победа за македонската репрезентација до 15 години.

- Одигравме навистина квалитетно прво полувреме, головите ги постигнавме по добро изработени акции, заслуживме да одиме на пауза со предност и навистина ми е жал што не успеавме, за нашите млади фудбалери психолошки тешко делуваа двата гола на босанците пред полувремето. Динамично одигравме и во вториот дел, примивме гол, но успеавме да се вратиме, а на крајот да се избориме и за победа која е важна за овие млади фудбалери. Нашата намера е селекцијата да расте и напредува  на секој следен натпревар и се надевам дека заеднички ќе го постигнеме тоа, изјави селекторот Вујадин Станојковиќ.

У-15: МАКЕДОНИЈА – БиХ 4:3 (2:2)

Атанасов 6`, Јовановски 12`, Марио Наумовски 67`, Васко Трајков 80`+4` - Смајиќ 33`, Смајиќ 38`, Срѓан Мрзиќ 45`

МАКЕДОНИЈА: Ѓорги Стојановски, Методиј Ѓоргичков, Димитар Тасев (Бојан Илиевски 41`), Андреј Кировски, Оливер Стојменовски, Асдрен Мена (Васко Трајков 67`), Филип Јовановски (Филип Таневски 47`), Кристијан Трапановски (Марио Наумовски 58`), Кристијан Локоски (Кристијан Делевски 47`), Јани Атанасов (Дејан Марковски 58`), Елиф Елмаз (Бурим Курти 47`)

На првиот натпревар одигран на 13. мај репрезентацијата на Македонија минимално со 1:0 загуби од Босна и Херцеговина.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација