Македонија У19 со второ место во “Куп на Федерации Летонија 2018“

Објавено на 10 Септември, 2018 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 19 години со освоено второ место го заврши учеството во меѓународниот турнир “Куп на Федерации Летонија 2018“ каде освен нашата репрезентација учествуваа уште домашната селекција како и Украина и Фарските Острови.
Македонија У19 на денешниот натпревар оствари победа од 1:0 над Фарските Острови. Единствениот гол вреден победа го постигна Енсар Лума во 90-тата минута од натпреварот. Ова беше втора победа за оваа репрезентација на турнирот во Летонија, откако предходно славевме со 2:1 над домашната селекција (головите ги постигна Бојан Колевски). Единствениот пораз го претрпевме од Украина со резултат 2:0. Токму украинците го освоија турнирот со максимални 9 бода, а нашата репрезентација остана втора со 6 бода (две победи и еден пораз). 

МАКЕДОНИЈА У19 – ФАРСКИ ОСТРОВИ У19 1:0 (0:0)
Стрелец: Енсар Лума 90 мин.
МАКЕДОНИЈА У19: Тимевски, Додевски, Ивановски, Наумчески, Димов, Адем, Гроздановски, Талески, Колевски, Ѓорѓиевски, Бериша.
Играа уште: Лума, Антовски, Османоски, Симоновски, Ферати, Наумоски и Трпчевски.
Селектор: Горан Станковски



   
   
Актуелности

14.11.2018    Вести

Интервју со в.д. председателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

Инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција. Ќе продолжиме со различни активности за развој на фудбалот. М...

Календар

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација