Македонија У18 трета на силниот турнир во Чешка

Објавено на 24 Август, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, го освои третото место во 26-тото издание на силниот меѓународен турнир  Вацлав Јежек во Чешка, каде освен нашата и домашната селекција учествуваа и Украина, Словачка, Латвија и Унгарија. 

После освоеното второ место во групната фаза (пораз 2:1 од Украина, и победа 3:2 над Словачка) денеска Македонија У18 беше убедлива и со 3:0 ја победи соодветната репрезентација на Унгарија во натпреварот за третото место на овој силен турнир. 

Македонија У18 влезе фуриозно на овој меч и успеа да поведе со 1:0 во 10-тата минута со голот на Иван Николов. Момците на селекторот Шкумбин Арслани продолжија фуриозно и после таквата игра веќе во 29-тата минута беше 3:0. Бехар Фета во 23-тата минута погоди за 2:0, а шест минути подоцна Влада Новески ги постави конечните 3:0. Вреди да се спомне дека од 55-тата минута игравме со 10 играчи после црвениот картон на Илиевски, но младите унгарци не успеаја да ја користат предноста од еден играч за да се вратат во игра. Во 60-тата минута од натпреварот нашиот голман Китаноски одбрани пенал. Триумфот вредеше трето место за Македонија У18.

“Овие момци го потврдија тоа дека во нив има квалитет кој допрва ќе дојде до израз и потврдија дека победата над Словачка беше заслужена. Жалиме за поразот од Украина, бидејќи бевме подобри, но одиме напред кон нови предизвици. Верувам во овие момци и знам дека можат повеќе. Ова победа му ја посветуваме на нашиот голман Марко Алчевски кој е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Сите ние му посакуваме што побрзо да се врати на зелените терени”, изјави селекторот на Македонија У18, Шкумбин Арслани. 

МАКЕДОНИЈА У18: Кристијан Китановски, Бењамин Далипи, Алтрим Јакупи, Виктор Крстевски, Имран Фетаи, Иван Николов, Хамза Рамани, Лука Станковски, Бехар Фета, Влада Новевски, Марио Илиевски.

Играа уште: Азер Омерагиќ, Димитар Тодоровски, Али Асани, Александар Ѓуркоски, Филип Костовски, Лавдрим Латифи.

Селектор: Шкумбин Арслани



   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација