МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА СО 2:0 ОД КАМЕРУН

Објавено на 27 Мај, 2014 во Вести

Македонската А репрезентација загуби со 2:0 од Камерун на контролниот натпревар одигран во австриски Куфштајн. Африканската селекција ја заслужи победата, но резултатот можеше да биде сосема поинаков доколку Баже Илијоски во второто полувреме ја реал

Камерунскиот голман Нду на брилијантен начин спречи погодок за Македонија по ударот на Илијоски и израмнување на 1:1.

Првото полувреме го одигравме без големи осцилации, бевме трпеливи и добро организирани во дефанзивниот ред, а преку Александар Трајковски, кој играше на позиција последен играч за врска се обидовме да го загрозиме голот на Камерун, но неговиот удар беше непрецизен.

Чупо-Мотинг немаше среќа да реализира за Камерун во првото полувреме, неговиот удар во 16 минута ја погоди рамката од голот на Пачовски. Во првиот дел, Камерун не направи нова посериозна шанса за погодок и покрај тоа што поради повреда Горан Попов мораше да ја напушти играта во 26 минута.

По седум минути во второто полувреме, Камерун се радуваше на погодок. Пјер Вебо на прекрасен начин ја искористи одбиената топка по ударот на Олинга и му донесе водство на својот тим од 1:0. Вториот погодок за конечна потврда на победата на Камерун го постигна Чупо-Мотинг во 84 минута. Нашата репрезентација не искористи нова шанса за гол преку Адис Јаховиќ во 86 минута, по центаршут на Георгиевски неговиот удар со глава беше непрецизен.

Камерун имаше добра прилика и за трет гол, меѓутоа Пачовски феноменално го одбрани ударот на Идрису во последната минута од натпреварот.

КАМЕРУН - МАКЕДОНИЈА  2:0 (0:0)

(Вебо 52’, Чупо-Мотинг 84’)

КАМЕРУН: Ндјог (46’ Нду), Матип, Ноукеу (74’Нкулу), Бедимо, Џежу, (74’ Нјом), Сонг  ,Н’Гуемо,Еноу  (86’Седрик), Чупо –Мотинг, Олинга (80’ Муканџо), Вебо (52’ Идрису)

Селектор: Волкер Финке

МАКЕДОНИЈА: ПачовскиПопов(Цуцули 26’)Ристевски, ГрнчаровТодоровски(Георгиевски 85’)СпировскиБабунски(Илијоски 58’)Абдурахими(Сулејманов 58’)Ибраими(Велкоски 58’)ТрајковскиТричковски(Јаховиќ 58’)

Селектор: Бошко Ѓуровски

-Камерун беше фаворит и го потврди тоа со победата на денешниот натпревар. Во првото полувреме одигравме квалитетно во дефанзивниот ред, не му дозволивме на противникот да создаде шанси, во одредени ситуации ние мора побрзо да се ослободуваме од топката кога е во наш посед, да ја користиме секоја прилика или полу шанса. в




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација