Македонија ја победи Швајцарија со 7:6

Објавено на 19 Март, 2015 во Вести, Футсал

Македонската А футсал репрезентација ја победи Швајцарија со 7-6 во вториот круг од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кој го организираме во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Нашите репрезентативци се бореа за убедлива победа, имавме предност од 6-1 на десетина минути до крајот од натпреварот, но несфатливиот пад во играта во последните минути противникот го искористи и на крајот Швајцарија минимално беше поразена со 7-6.

Адријан Мицевски комплетираше хет-трик по само три минути за водство од 3-0. Ликај намали на 3-1, но само неколку секунди подоцна Мартин Тодоровски постигна погодок за нова предност од три гола. Минута подоцна Тодоровски резлизираше по втор пат за убедливи 5-1.

Во второто полувреме Адријан Мицевски даде нов гол за 6-1, а во 32-та минута Марцојанакис намали на 6-2. Со головите на Мато и Арбуд, Швајцарија дојде на минус од само два гола на три минути до крајот на натпреварот. Зоран Левески зголеми на 7-4, но гостите продолжија со иницијатива и со погодоците на Мато и Патера се изборија за минимален пораз од 7-6.

Во последното трето коло на квалификацискиот турнир Македонија игра со фаворитот Шпанија. Шпанците денеска со 5-0 славеа против Унгарија. Пласман на второто место ќе решава гол разликата на Македонија и Унгарија. Унгарија в сабота игра против Швајцарија.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација