МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ЗА ПОБЕДА ПРОТИВ КАТАР

Објавено на 29 Мај, 2014 во Вести

А репрезентацијата на Македонија ги продолжува подготовките пред утрешниот контролен натпревар против Катар во италијански Риети. Дефанзивецот на Черноморец, Александар Дамчевски доби дополнителен повик од селекторот Ѓуровски по откажувањето поради п

Предводникот на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски смета дека во пресметката со катарците мотив за позитивен резултат нема да недостасува.

-Мотив за утрешниот натпревар нема да недостасува. Со оглед на квалитетот, верувам дека ќе оствариме резултат каков што посакуваме. Резултатот на овие контролни дуели е важен, но во овој момент не е пресуден за нашата репрезентација. Реков дека мојата основна цел на натпреварите е да направам селекција која ќе го носи товарот на битните натпревари од квалификациите за ЕП во Франција, тогаш и мојата одговорност ќе биде многу повисока, ќе зависам од резултатите на својот труд. Катар сигурно ќе има голема желба да оствари позитивен резултат, ќе видиме на кои начин ќе бидат поставени, но најважно е ние да бидеме во вистински ритам. Ќе има промени во нашиот состав, веројатно ќе играме и формациски на друг начин во однос на натпреварот против Камерун, се надевам дека секој од нас ќе биде на висина на задачата. Доколку ги исполниме тактичките замисли и секој од играчите биде фокусиран на своите обврски ќе ни биде полесно на сите, изјави селекторот Бошко Ѓуровски.

Александар Трајковски против Камерун имаше нова улога во тимот, играше како последен играч за врска, фудбалерот на белгиски Зулте се надева дека и на овој натпревар ќе биде на висина на задачата.

-Мојата улога во репрезентацијата сега е нешто поразлична отколку во клубот, но се надевам дека ќе бидам еднакво добар и ќе го дадам својот придонес, ќе се трудам да го исполнам тоа што селекторот го бара од мене. Ни треба добро отворање против Катар, против Камерун повеќе бевме фокусирани на дефанзивата, сега веројатно ќе биде различно, треба ние да наметнеме поофанзивен стил, да вршиме пресинг во сите фази и се надевам дека ќе успееме, изјави Александар Трајковски.

Даниел Георгиевски во натпреварот против Камерун имаше мала минутажа поради исцрпеност од финалниот дуел во Купот на Романија, во пресметката против Катар веројатно ќе започне од првата минута, вели дека одиме на победа.

-Сите сме подготвени, здрави, тренинзите ги реализираме според самислите на селекторот, се обидуваме да ги исполниме тактичките замисли и се надевам дека тоа ќе го потврдиме на натпреварот против Катар. Рејтингот говори дека ние сме фаворити и одиме да направиме добар резултат. Можеби некои од играчите се чувствуваат исцрпено по долгата сезона, но верувам дека ќе „стиснеме заби“ да запишеме победа. Добар резултат ни е неопходен за следните натпревари, да го подобриме тимскиот дух и атмосферата во тимот, изјави Даниел Георгиевски.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација