Македонија Ѓорче Петров е победник на кадетскиот куп на Македонија

Објавено на 20 Мај, 2014 во Вести

Македонија Ѓорче Петров го освои овогодинешниот кадетскиот Куп на Македонија, откако во денешното финале славеа со 4:1 (1-0) против екипата на Тетекс Тетово.

Првиот гол на средбата за водство на Македонија Ѓорче Петров беше постигнат во финишот на полувремето. Во 40 минута по нафрлената топка во противничкиот шеснаесетник најдоборо се снајде репрезентивниот центарфор Петар Петковски и постигна убав гол со глава. Овогодишниот освојувач на купот својата доминација и техничка супериорност ја потврди во второто полувреме со головите на: Ааломеровиќ Сабахудин, Петковски Петар и Мурсели Фљорим (автогол). Единствениот гол за Тетекс го постигна Аљија Фестим.

Екипите настапија со следните состави:

За Тетекс Тетово - Адеми Арбнор, Мурсели Фљорим, Шабани Бесарт, Емини Шпетим, Салихи Лузмим, Вели Шериф, Христов Мартин, Жепчевски Кузман, Ибраими Нарон, Љума Арбен, Аљија Фестим.

Резерни фудбалери - Асани Арбен, Селмани Дритон, Реџепи Халит, Азири Емир, Фетаи Арѓенд, Муслија Гент и Ибраими Албион

За Македонија Ѓорче Петров - Целевски Боби, Гичевски Филип, Боцевски Слободан, Ѓорѓиевски Иван, Наумовски Иво, Здравковски Давор, Лазаревиќ Стефан, Николовски Кристијан, Алаомеровиќ Сабахудин, Петковски Петар, Цветановски Матеј.

Резерни фудбалери - Рашиќ Анел, Русевски Никола, Арменд Алиу, Тодорвски Ангел, Растодер Един, Чуљевиќ Белмин и Стојменов Кристијан

- Очекувано тежок финален натревар. Одлично ја имавме анализирано играта на противникот. Ова е трет натревар на овие противници оваа година. Мислам дека беме технички супериорни што на крајот се покажа како доволно за убедливата победа. - изјави Јовица Кнежевиќ (шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓорче Петров)

- Ова е наша најслаба средба ова сезона. Одигравме под притисок. Многу фактори беа решaвачки за крајниот епилог на оваа средба. Пред се психолошкиот момент. Му честам на противникот за заслужената победа и им посакувам успех во понтамошната работа. - констатираше Љубиша Павловиќ (шеф на стручниот шптаб на Тетекс Тетово)




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација