Македонија е домаќин на квалификациите за жени до 19 години

Објавено на 14 Септември, 2015 во До 19 год жени

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 14 до 21.09.2015 е домаќин на првата квалификациска рунда за европското првенство во Словачка.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко се во квалификациска група со актуелниот Европски првак Шведска, со Северна Ирска и Црна Гора. Двете најдобро пласирани екипи од овој турнир ќе обезбедат пласман во елитната фаза на квалификациите која ќе се одигра на пролет во 2016 година.

Подготвки за ова натреварување се одржаа во периодот од 11 до 14 септември, а претходно репрезентивките имаа мини подготвки во периодот од 17 до 20 август во Дојран.

Имаме исклучително силна група. Тука е европскиот шампион до 19 години, селекцијата на Шведска. Според квалитетот и рејтингот тие се најголеми фаворити за освојување на првото место. Нашата шанса се натреварите со Северна Ирска и Црна Гора.  Се надевам дека повредата на нашата најдобра фудбалерка Симона Крстановска ќе биде надоместена со заеднички сили.  – истакнува селекторт Астрит Мерко.

За оваа  репрезентивна акција , селекторот Астрит Мерко ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова- ЖФК Тиверија,  Магдалена Лековска-ЖФК Топ Гол

Одбрана: Даниела Велеска- ЖФК Топ Гол, Дијана Христовска-ЖФК Истатов, Стефани Скерлевска- ЖФК Кочани, , Александра Поповска-ЖФК АЦТ Јунјатед, , Тамара Јанкоска- ЖФК Топ Гол

Среден ред: Александра Марковска-ЖФК Спартак (Србија), Наталија Стојчевска- ЖФК Топ Гол, Павлина Николовска-ЖФК Тиверија Струмица

Напад: Александра Симоноска- ЖФК АЦТ Јунајтед,  Ане Бошеска- ЖФК Топ Гол, Весна Танеска- ЖФК АЦТ Јунјатед, Елена Петровска-ЖФК Истатов , Бојку Шкипе- ЖФК АЦТ Јунајтед, Сара Хусеин-ЖФК Топ Гол, Глорија Каровска-ЖФК Речица

Натпреварите ќе се одиграат со следниот распоред:

ФФМ тренинг центар

Северна Ирска – Црна Гора

15.09.2015

11:00 часот

ФФМ тренинг центар

Шведска – Црна Гора

17.09.2015

11:00 часот

ФФМ тренинг центар

Северна Ирска - Шведска

20.09.2015

11:00 часот

Стадион Борис Трајковски

Шведска - Македонија

15.09.2015

11:00 часот

Стадион Борис Трајковски

Македонија – Северна Ирска

17.09.2015

11:00 часот

Стадион Борис Трајковски

Црна Гора - Македонија

20.09.2015

11:00 часот





   
   
А репрезентација