Македонија доминираше, но на крајот само 1:1 против Албанија

Објавено на 05 Септември, 2017 во Вести, Вести


Македонската фудбалска репрезентација одигра нов извонреден натпревар од квалификациите за СП во Русија, но против Албанија на крајот заврши само 1-1. Албанија буквално од својата прва шанса поведе со 0:1 преку Роши, а Александар Трајковски израмни од пенал на 1:1.

Заслуживме победа, ги надигравме, ги спаси нивниот голман Бериша. Правеше чудо голманот на Албанија посебно во последните минути кога ние ја нападнавме победата со сите сили. Двапати го сопре Несторовски кој имаше идеални шанси, па ударите на Алиоск и Пандев. Албанија прва поведе и тоа по првиот удар по голот на Димитриевски. Садику нафрла, Роши бие со глава, а топката од десниот дирек влезе во голот. Ние одговоривме со страшен налет. Пандев во 70. минута шутираше со глава, Хисај од самата гол линија спасува 1:1. Следеа двете бомби на Алиоски, но Бериша спасува. Конечнои гол. Алекандар Трајковски од пенал израмнува во 78. минута. Чист пенал по играта со рака на домашната одбрана, а по ударот на Кире Ристевски со глава. Македонија заслужи три, а освои само бод.

Македонија беше подобар ривал, Несторовски двапати изби очи в очи со противничкиот голман, но Бериша беше поуспешен. Радески и Тричковски влегоа во самиот финиш, но резултатот не се менуваше и покрај нашата подобра игра, Албанците однесоа бод од Струмица.




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација