Македонија до 21 година загуби од Србија

Објавено на 06 Октомври, 2017 во Вести, До 21 год


Репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Србија до 21 година со 0:2 на натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2019 година во Италија.

За „црвено-жолтите“ ова е прв пораз во квалификациски дуел по повеќе од две години. Тие немаа загубено од септември 2015 година, кога беа поразени од Исланд. 

Во 22. минута Србија преку Саша Лукиќ стигна до водство од 0:1. На 0:2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата. Најдобрата шанса во првиот дел Македонија ја имаше во 15. минута кога одлично шутираше Никола Ѓорѓев, но одбрани гостинскиот голман. 

Во второто полувреме повторно гостите ја контролираа играта, но без посериозни шанси ,Македонија имаше свои прилики преку Тотре во 69. минута, а потоа и преку нововлезениот Георгиев во 79. минута и посебно во 82. минута кога имаше убава шанса барем за почесен погодок, но не успеа да ја искористи. 

Македонија сега има една победа и еден пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија. 

Следниот натпревар е веќе за четири дена, на 10. октомври, кога гостуваме на дуел во Португалија против младата репрезентација на Гибралтар.

МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 0:2 (0:2)

Тренинг центар „Петар Милошевски“. Главен судија: Франсоа Летексие (Франција). Стрелци: Лукиќ 22′, Живковиќ 37′ (С). Ж. картони: Чешмеџиев, Петковски, Костадинов, Елмас (М); Јовановиќ (М). Црвен картон: Чешмеџиев 86′(М).

МАКЕДОНИЈА: Илиќ, Попзлатанов, Чешмеџиев, Амановиќ, Симовски (79′ Кривањева), Тотре, Елмас, Петковски (66′ Абаз), Ѓоргев, Селмани (56′ Георгиев), Костадинов

Селектор: Благоја Милевски

СРБИЈА: Радуновиќ, Машовиќ, Радоњиќ, Пантиќ (73′ Дениќ), Јовиќ, Богосавац, Јовановиќ, Стевановиќ, Грујиќ, Живковиќ, Лукиќ





 




   
   
Актуелности
Календар

21 Сеп

16:00 Македонија - Кипар
    Жени У19 пријателска

23 Сеп

11:00 Франција - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Македонија
    Жени У17 квалификации за Европско

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации
14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација