Македонија до 21 година во група со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови

Објавено на 11 Декември, 2018 во Вести


Македонската репрезентација до 21 година на извлекување во Нион ги доби противниците во група за пласман на Европското првенство. Нашите фудбалски надежи се најдоа во квалификациската група 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови. Натпреварите од квалификацискиот циклус започнуваат на 18. март 2019. година.

Победниците од сите квалификациски групи обезбедуваат директен пласман на ЕП во Унгарија и Словенија. Двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат во баражот за место на континенталниот собир. 



   
   
А репрезентација