Македонија до 21 година: Убедлив триумф од 6:1 против Гибралтар, хет-трик на Митровски

Објавено на 16 Октомври, 2018 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година убедливо со 6:1 го победи Гибралтар во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2019 година. Циклусот квалификации за место на континенталниот собир во Италија, Македонија го заврши со две победи и еден нерешен резултат во одиграните десет натпревари. Димитар Митровски се радуваше на хет-трик на денешниот меч.

Селекцијата на Добринко Илиевски овој пат против Гибралтар целосно ја оправда фаворитската улога не дозволувајќи му на противникот ниту минимална шанса да се надева на изненадување. Нашата репрезентација имаше 2:0 на полувреме со головите на Агрон Руфати во 10. и Димитар Митровски во 34. минута. Руфати беше најснаодлив во шеснаесетникот на гостите по нафрлување на Здравковски за наше водство, а Димитар Митровски рутинирано погоди за удвојување на предноста откако излезе еден на еден со голманот на Гибралтар.

На почетокот на второто полувреме, Давор Здравковски од слободен удар ја зголеми предноста на 3:0, а сѐ што направи Гибралтар е тоа што ја казни големата грешка на нашата одбрана и голман по 62. минути игра и Клинтон намали на 3:1.

Само две минути подоцна, Никола Ѓорѓев со убав удар зголеми на 4:1, а својот втор погодок во 71. минута го постигна Димитар Митровски. Хет-трик фудбалерот на Спортинг Лисабон славеше во 73. минута, кога Митровски го постигна третиот свој гол, за 6:1.

МАКЕДОНИЈА: 1. Ристо Јанков, 2. Ване Јованов, 5. Филип Трајановски, 6. Агрон Руфати, 10. Давор Здравковски, 11. Кристијан Трапановски, 17. Марио Крстовски (70`Милан Ристовски), 19. Тодор Тодоровски, 20. Тихомир Костадинов, 21. Димитар Митровски, 22. Никола Ѓорѓев (67`Енур Тотре); Селектор: Добринко Илиевски; 




   
   
Актуелности
Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација