Македонија до 21 година: „Средете ги мислите во главата, статистиката покажува дека знаете фудбал“

Објавено на 16 Ноември, 2017 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година убедливо загуби од Австрија на последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2019 во Италија. На Националната арена загубивме со 0:4. Репрезентацијата на Австрија потврди дека е противник вреден за почит! Ги искористија сите наши грешки во одбраната и уште по првото полувреме го решија прашањето околу победникот на натпреварот.

Но, што направивме ние?

Благоја Милевски до натпреварот со Србија (5. октомври 2017.) во целата негова тренерска кариера имаше само еден пораз на домашен терен, како тренер на Вардар против Стеауа Букурешт!? Нашиот предводник сега се соочува со различно чувство.

-По низата негативни резутати, чусвтвото секако не е пријатно, но мораме да веруваме во нашите фудбалери. Австрија го направи тоа што нас ни требаше - постигна погодок. Гибралтар исто така, а се почна од натпреварот со Србија. Реализаторски способности имаме и се надевам дека ќе пронајдеме реализатор. Најлесно е да се биде негативен, а посебно не ги сакам калкулациите. Ние сега мораме да размислуваме како да победиме на следниот натпревар против Русија, вели Милевски.

Австрија и посебно Србија имаат квалитетни поединци кои беа способни да ни создадат (не)прилики, будноста и енергичноста ни беа нужни, а ги немавме.

-Австрија не игра најквалитетен фудбал, но се покажаа најтежок противник. По упорноста, борбеноста, агресивноста, па дури и со нечисти стартови кога тоа беше неопходно. Статистички ние одигравме ништо полош натпревар од противникот, со повеќе напади и удари кон голот на противникот, со поголем посед, но индивидуалните грешки, деконцентрацијата на поединци, без доволно „машка игра“ и агресивност, не чинат убедлив пораз.

-За составот одговарам јас. Статистиката немаше да биде со истите бројки и показатели доколку тактиката и анализата беше промашена од моја страна. Верувам во себе и во своите одлуки, понекогаш и инстинкт. Апсолутно верувам и во своите фудбалери. Мене ми е јасно дека сите се попометни по пораз, но никогаш во кариерата не сум дозволил некој да влијае на мојата работа , нема ниту сега.  Додека сум јас селектор нема да дозволам никој да се осмелува да турка некој или да суфлира за нешто околу изборот на фудбалери. Ги избирам оние што сметам дека во моментот се најподготвени и најдобри. Фудбалерите знаат да играат фудбал, го покажале тоа многу пати, но мора да се подготват и самите да се носат со притисокот од натпреварите на ова ниво, секако со наша помош, мислам дека тоа во моментов е најголем наш проблем. Тоа го покажува статистиката на сите досегашни натпревари, а посебно на последниот со Австрија каде во речиси сите параметри сме подобри од противникот, а загубивме. 




   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација