МК EN SQ 0.0858

Македонија до 21 година против Црна Гора, Бугарија и Грузија ќе одигра три контролни натпревари

Објавено на 01 Февруари, 2017 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година наредниот месец ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 24. март ќе се соочи со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28. март ќе одигра контрола пресметка против Бугарија до 21 година.

Натпреварот со Грузија, исто така на домашен терен, Македонија до 21 година ќе го одигра на 4 јуни.

-Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97 ќе им се спротивстават на црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.




   
   
А репрезентација