Македонија до 21 година пропушти можност за позитивен резултат против Србија

Објавено на 07 Септември, 2018 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година беше многу близу до остварување на позитивен резултат против фаворитот Србија на гостински терен, но на крајот сепак трите бода ги освоија домашните фудбалери. Македонија имаше 1:1 до 80. минута кога Лазар Ранџеловиќ постигна погодок за победа од 2:1 на српската репрезентација.

Во 28. минута Србија доби пенал по сомнителна одлука на главниот судија. Амановиќ непотребно го повлече Јовановиќ во казнениот простор во момент кога домаќините изведуваа корнер, а судијата покажа на белата точка. Иван Шапоњиќ ја презеде одговорноста и ја тресе мрежата на Стевковски за 1:0. Три минути подоцна Јани Атанасов се најде во добра можност, но шутираше преку голот. Пред крајот на првиот дел Шапоњиќ имаше уште една одлична можност меѓутоа Стевковски го одбрани неговиот удар од пет метри.

Во 53. минута, Милан Ристовски се најде во прекрасна шанса, но шутираше покрај голот. Десет минути подоцна капитулираше српскиот голман. Маневски доби топка по левата страна, ја префли по земја на 11 метри, а таму се најде Тихомир Костадинов кој погоди во мрежата на домашните.

Србија дојде до триумфот од 2-1 со голот на Лазар Ранџеловиќ во 80. минута, по една случајно зафатена топка по изведен слободен удар. До крајот тактизираа, одлучни да го сочуваат стекнатото водство и успеаа во тоа. Освоија три бода кои ги приближија до евро шампионатот идната година.

Македонија до 21 година: Стевковски, Јованов, Трајановски, Амановиќ, Маневски, Атанасов (74' Чурлинов), Костадинов, Здравковски, Ѓорѓев, Ристовски (86' Крстовски), Петковски (61' Фазлагиќ); Селектор: Добринко Илиевски



   
   
Актуелности
Календар

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација