Македонија до 21 година подготвена за утрешната пресметка со Русија

Објавено на 22 Март, 2018 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре го игра петтиот натпревар од квалификациите за Европското Првенство кое ќе се одржи во 2019 година во Италија. Надежите под водство на Благоја Милевски веќе ги завршија подготовките за утрешниот натпревар со Русија, на кој иако со променет состав се очекува добра игра и резултат.

Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски на брифинг со претставници на медиумите, истакна дека останува убеден во ставот да создава нов тим по лошите изданија на предходните три натпревари.  

„Секако дека не само Русија, туку и останатите репрезентации во групата ако ги потцените или ги прецените, ќе имате проблем на самиот натпревар. Што се однесува за утрешниот натпревар против репрезентацијата на Русија не треба да трошиме зборови за нивниот квалитет. Се работи за силен тим, составен од фудбалери кои играат во прволигашки клубови во Русија. Значи имаат квалитет. На спротивната страна, ние сме во ситуација да создаваме нова екипа, по натпреварот со Австрија, најави кој веќе ги остваруваме. Во почетните единаесет од тие кои го почнаа натпреварот со Австрија ќе има само двајца, евентуално тројца во зависност од временските услови што ќе ги имаме утре, изјави селекторот на Македоника, Благоја Милевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија се игра в петок од 14.00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.



   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација