Македонија до 21 година несреќно поразена од Русија

Објавено на 23 Март, 2018 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година беше на прагот да оствари нерешен резултат против Русија, но несреќно прими гол во судиското надополнување за пораз со резултат 3:4.

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година не успеа да ја прекине серијата од три порази во квалификациите за ЕП кое во 2019 година ќе се одржи во Италија. Во натпревар одигран во тешки услови поради постојаните врнежи на снег, младите надежи најдоа сили да се вратат од 0:2 на 2:2, подоцна и од 2:3 на 3:3, но и тоа не беше доволно за најмалку нерешен исход против русите. Двете репрезентации промашија по две изгледни прилики, а промена немаше до 25-тата минута гога Облајков изведе на прекрасен начин еден слободен удар, погодувајќи за 0:1. Работите отидоа на полош правец во 38-та минута кога Мелхадзе пречека убаво една нафрлена топка, и со глава погоди за 0:2. Малку пред одморот Македонија успеа да постигне гол за 1-2, откако Амановиќ биеше прецизно од единаесет метри. Пеналот го изнуди Попзлатанов во дуел со противничкиот голман. 

Младите надежи на почетокот на вториот дел тргна по изедначување, кое го донесе Петковскиво 64-тата минута по убавата асистенција на Попзлатанов. Радоста на Македонија не траеше долго, откако само пет минути подоцна Облијаков погоди за ново водство на русите, овој пат 2:3. Но момците на Милевски не се предадоа па во 85-тата минута Попзлатанов изнуди уште еден пенал. Ударот на Амановиќ од единаесет метри го одбрани противничкиот голман, но на одбиената топка стигна Амановиќ погодувајќи за 3:3. Тука изгледаше дека младите фудбалери се изборија за реми, но во нервозно четри минутно дополнително време прво Амановиќ ја требаше да ја напушти играта со црвен картон, после вториот жолт, а во 94-тата минута Бакаев биеше прецизно од далечина за конечни 3:4 и големи три бода за Русија.

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година наредниот меч од квалификациите за ЕП 2019, го игра во вторникна гостински терен кај Австрија.



   
   
Актуелности
Календар

21 Сеп

16:00 Македонија - Кипар
    Жени У19 пријателска

23 Сеп

11:00 Франција - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Македонија
    Жени У17 квалификации за Европско

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации
14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација