Македонија до 21 година на мегдан против Австрија без Благоја Милевски

Објавено на 27 Март, 2018 во Вести


Репрезентацијата на Македонија до 21 година вечерва во Австрија од 18:00 часот ја очекува шесттиот натпревар во квалификациите за ЕП 2019 во Италија.

Нашата млада селекција не беше наградена со позитивен резултат по одличниот натпревар против Русија и несреќниот пораз од 3:4, но и тоа како играта од мечот носи силен мотив за успешно надигрување и со Австријците.

Македонија на овој натпревар ќе биде без предводникот од клупата, селекторот Благоја Милевски кој доби суспензија од еден натпревар по реакциите  на судиските одлуки, откако не му беше дозволено во последните минути од дуелот со Русија да направи замена во тимот, иако имаше два прекина и можност да се направи замената. 

“Репрезентацијата за мене секогаш ќе биде над се. Додека сум на оваа позиција секогаш ќе ги бранам интересите на нашата селекција и никогаш нема да дозволам некој да се подигрува со угледот на тимот и федерацијата која ја претставувам. Уште повеќе по нечиј одлуки кои го газат трудот на фудбалерите и прават да се чувствуваме дека сме со пониска вредност во однос на противникот. Правилата се јасно, имаме право на замена во судиското надополнување, но не ни дозволија иако имаше две можности тоа да го направиме. Репрезентацијата вечерва ќе ја предводат Роберт Стојановски и Звонко Златановски. Се надевам дека ќе бидеме исто толку мотивирани и борбени како против Русија. Ако одиграме на тој начин, нема причина за грижа, сеедно каков ќе биде исходот. За нас фудбалот треба да биде на прво место и на тој начин и се однесуваме”, изјави Благоја Милевски. 



   
   
А репрезентација